Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Официјално: Маркисио го раскина договорот со Јувентус

Италијанецот го напушта матичниот клуб по речиси 25 години

Фудбалерот за врска, Клаудио Маркисио, официјално ја прекина соработката со Јувентус, од денес тој е слободен играч при заемна согласност на двете страни. По речиси 25 години, Италијанецот ја напушта „старата дама“, по долгата и тешка борба со повредите, Маркисио не можеше повторно да се наметне во тимот, па реши да побара нов клуб пред крајот на денешниот преоден рок во Италија.

„Дваесет и пет години поминаа откако Клаудио за првпат го облече црно-белиот дрес. Имаше седум години кога одлучи да игра за својот клуб од родното место, со безброј соништа. Дваесет и пет години подоцна, Маркисио ги оствари своите соништа играјќи пред илјадници навивачи, носејќи им радост, но денес дојде крај на таа авантура. Му посакуваме сè најдборо во иднина, Јувентус секогаш ќе има место за неговиот принц“, стои во соопштението на италијанскиот првак.

Триесет и двегодишниот Маркисио одигра вкупно 389 натпревари за клубот, запишан е како 18-ти на листата на играчи кои најмногу го носеле црно-белиот дрес на гигантот од Торино. Со Јуве освои вкупно 15 трофеи, од кои седум се Скудетото.

Најнови вести