Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Новитет: Реал и Барса ќе играат меч од Примера во САД

Двата гиганти ќе одиграат по еден дуел од првенството на друг континент

За прв пат во историјата на шпанското првенство ќе се играат мечеви на друг континент. Челниците на Примера дивизион се договориле со американската компанија „Релевант“ од Мајами во следните 15 години да го развиваат фудбалот во САД. 
Една од основните точки во договорот е Барселона и Реал Мадрид во сезоната која наскоро ќе почне да одиграат по еден меч на американско почва. Тоа ќе биде вистинска новост во европскиот фудбал бидејќи за првпат ќе се случи дуел од домашно првенство да се игра на друг континент.
Најдобрите клубови во Европа веќе неколку години имаат летна турнеја низ САД, каде што играат многу атрактивни мечеви. Сега првпат ќе биде битката за бодови во Примера дивизион да биде на американско почва. Засега не се знае кои се натпреварите кои ќе се играат во САД.

 

Најнови вести