Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Го нема Роналдо, нема ни трофеј за Кралскиот клуб

Уште во првиот дуел на Реал без Кристијано, се покажа колку значел Португалецот за екипата

Доминацијата на Реал Мадрид во европските натпреварувања конечно е сопрена. Атлетико е клубот кој успеа да го турне Кралскиот клуб на колена во едно големо финале. „Јорганџиите“ со 4-2 победија во Суперкупот на Европа.
Иако победата е изразена со разлика од два гола, таа беше стекната дури по дополнителните 30 минути игра, бидејќи во регуларните 90 минути мечот заврши 2-2. Атлетико успеа да даде два гола во продолженијата и стигна до третиот трофеј на Суперкупот во клупската историја. 
Реал Мадрид беше речиси во истиот состав од ланската сезона, само со една замена, и тоа многу значајна. Го немаше Кристијано Роналдо во составот. Играчот кој девет години беше прва ѕвезда на Реал, летово си замина од „Сантијаго Бернабеу“ и го облече дресот на Јувентус. 
Роналдо како играч на Реал даде повеќе голови (450) отколку што имаше одиграно средби (438) и речиси секогаш беше најзаслужен за успесите на клубот во последнава деценија. Синоќа во Талин го немаше Роналдо за Реал, а тоа се покажа можеби и како клучно за конечниот резултат. Кралскиот клуб загуби и покажа дека е ранлив. Го нема заштитникот Роналдо, кој сега ги брани боите на Јувентус. 

 

Најнови вести