Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Гостиварци се „собраа“ на првиот тренинг, Антиќ главна „фаца“

Прволигашот прогнозира атрактивна кошарка и полна сала и во новата сезона

Тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски, денес го одржа првиот тренинг со екипата за претстојната сезона во Првата лига на Македонија. Во ростерот се донесени две нови странски имиња, Карим Канти и Џо Фурстингер, додека од минатата сезона останаа неколку клучни играчи, како Јуре Сегариќ, Ивица Димчески и искусниот Димче Тасоски. Србиновски на располагање има и неколку млади играчи од своите селекции.

Како помошници на главниот тренер остануваат истите од лани, Душко Јаковчески и Никола Димитриевски, како и кондициониот тренер Сашо Пецев.


Присутните гледачи и симпатизери на Гостивар уживаа во присуството на Перо Антиќ, акционерот на клубот излезе на терен во опрема и се загреа со останатите играчи.


„Периодов ќе го искористиме да се подготвиме на физички и тактички план, организиравме и неколку контролни мечеви кои ќе ни помогнат постепено да ја градиме формата. На квалитет, тимот е речиси исто како и лани, иако имаме неколку промени во ростерот. Не можам да ветам амбиции предвреме, но знам дека ќе играме со ист жар во нас како и минатата сезона. Гостивар ќе се бори за победа на секој меч, но, пред сè, ќе игра убава кошарка и на тој начин ќе можеме да ѝ се заблагодариме на публиката за огромната поддршка, која од меч во меч ја полни салата и прави прекрасна атмосфера“, истакна тренерот Србиновски.


Најнови вести