Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Реал нема гајле, талисманот е во тимот

Кралскиот клуб вечерва игра во Суперкупот на Европа против Атлетико Мадрид

Реал Мадрид вечерва ќе се обиде да донесе уште еден голем трофеј во своите витрини. Кралскиот клуб игра во борба за пехарот во Суперкупот на Европа, и тоа против градскиот ривал Атлетико. Актуелниот европски првак е полн со оптимизам дека ќе донесе нова радост, посебно што во своите редови го има Каземиро. 
Бразилецот ја започнува петтата сезона во дресот на Реал и досега се покажал како вистински талисман кога се работи за финални мечеви. Каземиро досега бил дел од пет европски финалиња и Реал секогаш победувал. Се има радувано на три титули во Лигата на шампионите и две во Суперкупот на Европа. 
Вечерва противник на Реал ќе биде градскиот ривал Атлетико, кој е освојувач на Лигата на Европа. Без разлика кој тим и да победи, трофејот ќе замине во Мадрид. Мечот се игра во 21 часот, на неутрален терен во Талин.

 

Најнови вести