Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Загинаа 12 навивачи на Барселона

Се работи за фанови на тимот од Еквадор, кои се враќање од гостувањето кај Куенка

Најмалку 12 навивачи на тимот на Барселона од Еквадор загинаа во сообраќајна несреќа, додека се враќаа од едно гостување. Фановите патувале со автобус, кога според претпоставките, поради неисправни сопирачки, автобусот излетал од патот и се превртел. 
Други претпоставки се дека возачот на автобусот сакал да претекне возило пред него и ја загубил контролата, па излетал од патот. Освен загинатите 12 навивачи, има и околу 30-тина кои се повредени.
Барселона играла на гости против Куенка, а по мечот симпатизерите на еден од најпопуларните клубови во Еквадор, тргнале на пат кон дома. Според статистичките податоци, во Еквадор дури 96 отсто од несреќите кои се случуваат се поради човечка грешка. 

 

Најнови вести