Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Ете што значи да се даде гол вреден трофеј

Барселона реши да го тргне Дембеле од трансфер листата

Додека уште се чека стартот на новата сезона во шпанското првенство, Барселона веќе се закити со еден голем трофеј. Каталонскиот гигант го крена пехарот од Суперкупот на Шпанија, откако со 2:1 славеше против Севилја. 
Барселона со пресврт стигна до победата, бидејќи тимот од Андалузија поведе со 1:0. Потоа следуваше израмнувачкиот погодок на Жерар Пике пред крајот од првото полувреме, а во 78 минута и блесокот на Осман Дембеле. Играчот за врска постигна прекрасен гол за 2:1, што на крајот се покажа како решавачки за победата. 
Дембеле во Барселона пристигна минатата сезона за сума од 105 милиони евра на Борусија Дортмунд, плус 40 милиони во бонуси. Сепак Французинот не се покажа, бидејќи поради честите повреди беше надвор од теренот. Одигра само 17 меча и немаше поголем придонес во освојувањето на титулата во Примера дивисион. 
Поради овие факти, Барселона летоска реши да го стави Дембеле на трансфер листата. Сепак, по синоќешниот погодок и донесената титула во Суперкупот на Шпанија, каталонците решија да го избришат Дембеле од трансфер листата и да му го загарантираат местото во екипата и во новата сезона. 

 

Најнови вести