Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Преодниот рок за Реал не е завршен

Тренерот Хулен Лопетеги дал список на кои позиции сака засилувања и кој играч му е вишок

Еден централен дефанзивен играч и класичен напаѓач се позициите на кои тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, би сакал да го засили својот тим. Ова го објави весникот „Ас“, а се додава и дека Лопетеги смета дека Хесус Влјехо, кој често се повредува, треба да биде позајмен на друго место и во него не гледа стабилна замена за стартерите Рафаел Варан и Серхио Рамос. 
Раководството на Кралскиот клуб ќе се обиде да му ги исполни желбите на тренерот, но нема да се оди по засилувања безглаво и по секоја цена. Ќе се бараат засилувања кои имаат разумна цена, како таа на голманот Тибо Куртуа. 
Според Лопетеги, потребни се двајца до тројца нови играчи, а на младиот дефанзивен играч Валјехо да му се даде шанса да оди на друго место каде што би играл во континуитет. Што се однесува до нападот, Борха Мајорал е замената за Карим Бензема, но Лопетеги смета дека им треба уште еден шпиц. Средниот ред е задоволителен, но и тука добро би дошол нов играч, со оглед на тоа дека си замина Ковачиќ, а Љоренте не прикажува којзнае какви игри.

 

Најнови вести