Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Голгетерите во свој стил ја отворија сезоната, со погодоци Илијоски и Ибраими најавија битка до последен здив

Двајцата топ голгетери во историјата на македонските првенства, Баже Илијоски и Бесарт Ибраими, со погодоци ја отворија и новата сезона на домашната сцена и ја продолжија возбудливата битката за епитетот „крал на стрелците“ кај нас

Двајцата најдобри стрелци во македонската Прва Лига, Баже Илијоски и Бесарт Ибраими по еднаш ги погодија противничките мрежи во првото коло, а разликата од 12 голови во корист на Илијоски остана. 
Вчера во дербито меѓу Шкендија и Вардар, Ибраими еднаш ја затресе мрежата на Гачевски и стаса до 131. погодок во кариерата, сметајќи ги само настапите во Првата лига. Ибраими можеше да постигне барем уште еден гол, но промаши пенал во првото полувреме. Денеска со гол од белата точка против Шкупи веднаш на предизвикот одговори Илијоски и го запиша рекордниот 143. прецизен удар во натпреварите од македонската Прва Лига. Опасниот стрелец му донесе бод на својот тим од жешкото гостување во Кратово, против Силекс и патем остана на  врвот, како најдобар стрелец во историјата на домашната лига.
Пред нив е најмалку уште една сезона во нашата Прва Лига, а како играат и ги погодуваат противничките мрежи како од шега, се очекува возбудлива трка за позицијата број еден, или како што популарно се нарекува „крал на стрелците“. Илијоски е нешто повозрасен и има 34 години, а Ибраими во декември ќе наполни 32.

 

Најнови вести