Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Новите прволигаши останаа со куси ракави, реми на Силекс и Шкупи

Новите прволигаши Беласица и Македонија Ѓорче Петров останаа со куси ракави на стартот од новото првенство, а Победа и Академија Пандев беа подобри за еден гол и славеа значајни победи

Прилепеска Победа успешно стартуваше во новото издание на домашното првенство и со голот на Киријан Чиназорм ги освои бодовите во дуелот со Беласица. 
И вториот повратник во Првата Лига, екипата на Македонија Ѓорче Петров стартуваше со пораз. По малку и несреќен со примен гол од пенал во последните моменти од мечот против Академија Пандев. Љупче Дориев беше прецизен од белата точка и донесе радост за домаќините. Претходно Академија Пандев поведе со погодокот на Стоилов во 42. минута, а на 1:1 израмни Тантуровски на почетокот на вториот дел. Популарните „лавови“ од Ѓорче Петров го издржаа притисокот на струмичани до самиот финиш на мечот, но од пенал Дориев им донесе победа на Академците на Пандев.
Во Кратово, Силекс имаше се во свои раце, но прокоцка предност од 1:0 и предност од играч повеќе.  
Парфаит од пенал во првиот дел донесе радост за домашниот состав, потоа исклучен беше Адем кај гостите, но пак имаше пенал, овојпат за Шкупи. Најдобриот стрелец во историјата на македонските шампионати, Баже Илијоски рутински погоди за конечни 1:1 во Кратово.

 

 

Резултати, 1. коло: Победа – Беласица 1:0, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1, Силекс – Шкупи 1:1. Вчера: Шкендија – Вардар 2:2, Работнички – Ренова 3:4.

Најнови вести