Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Серија А е упориште на играчите oд екс Ју

Дури 56 фудбалери во италијанското првенство се од шесте земји

Италијанската Серија А започнува следната недела и се очекува да биде многу поразлична од последните неколку сезони. Јувентус го направи најзвучниот трансфер во последниве неколку години, откако успеа во Торино да го доведе Кристијано Роналдо. Португалецот кој има пет „Златни топки“ ќе биде прва ѕвезда во првенството. 
Интересно е тоа што во Серија А, во новата сезона ќе играат дури 56 играчи кои доаѓаат од Балканскиот полуостров. Најмногу играчи се од Хрватска, дури 20 „коцкести“ ќе бидат дел од Серија А. Еден помалку играч, односно 19 доаѓаат од Србија, а од останатите земји кои беа дел од некогашна Југославија, бројот на играчи е едноцифрен. 
Словенија има девет играчи во Серија А, Босна и Херцеговина е застапена со петмина, Црва Гора на претставуваат двајца, додека Горан Пандев е единствениот Македонец кој ќе игра во новата сезона во Серија А и тоа во дресот на Џенова. 
Единствен тим кој нема играч од екс Ју просторите е Болоња, додека Лацио со седум играчи е рекордер во оваа категорија. 

 

Најнови вести