Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

И вториот тим на Јуве би се борел за титула во Серија А

Не само почетните 11, туку Јувентус има страшен тим и составен само од резерви

Јувентус летово се засили со Кристијано Роналдо и уште неколку фудбалери, па уште повеќе ја збогати конкуренцијата во составот, и тренерот Масимилијано Алегри нема да има лесна работа кога пред секој меч ќе одлучува кои 11-мина треба да бидат стартери, а кои да бидат на клупата за резерви или надвор од составот. 
Јуве се засили и со Жоао Кансело, кој би требало да конкурира за место во почетниот состав на позицијата десен бек. Се вратија Даглас Коста и Леонардо Бонучи, а за без пари дојде Емре Џан, на кого договорот со Ливерпул му беше истечен. 
Угледниот спортски весник „Ла Газета дело спорт“ објави како би изгледал не првиот, туку вториот тим на Јуве. И навистина, на хартија, тоа е многу силен состав. Резервниот тим на Јувентус изгледа вака: Перин, Де Шиљо, Бенатија, Ругани или Барѕаљи, Спинацола, Маркизио, Бентанкур, Кедира, Бернардески, Куадрадо, Манџукиќ. 

Најнови вести