Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Норвежанките имаа милост кон Драгон

Македонските „змејови“ загубија само со 0:3, што е огромен напредок после оние 0:13 против Осијек

Норвешкиот тим Авалдснес со скромни 3:0 го совлада македонскиот Драгон 2014, во меч од квалификациите за женската Лига на шампиони во фудбал. Овој пораз за Драгон е многу попристоен во споредба со тој во првото коло, кога од домашниот Осијек, беа декласирани со 0:13. 
Денеска, Драгон прими само три гола, два во првото и еден во второто полувреме. Односот во упатени шутеви кон противничкиот гол беше 34-1 за Норвежанките (во рамки на гол 13-1), па среќа е што Македонките примија само три гола. Голманката Олгица Арсова имаше 10 одбрани и таа е најзаслужна што нашиот првак не претрпе потежок пораз.
Следниот, и последен меч за Драгон е в понеделник против Спортинг од Португалија. Во првото коло, Спортинг загуби од Авалдснес со 2:3, па Португалките ќе бидат фаворитки во дуелот со „змејовите“ од Скопје. 

 

Најнови вести