Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
10.8.2018

Попов: Ја респектираме Шкендија, но Вардар знае како се победува во Тетово

Новото издание на домашната лига во фудбал повторно, втора година по ред ќе почне со големото дерби меѓу Шкендија и Вардар во Тетово, а гостите се оптимисти дека ќе избегнат реприза од лани, кога актуелниот првак го победи Вардар со 2:0

Натпреварите меѓу Шкендија и Вардар секогаш носат дополнителен интензитет и значат многу во битката за трофеите. Со дербито на двете најуспешни екипи во последно време кај нас, утре ќе почне новото издание на македонската Прва фудбалска лига. И повторно како и лани, на стартот Шкендија ќе му биде домаќин на Вардар.
„Ја респектираме Шкендија, екипа која игра добро на европската сцена летово, но и ние си имаме свои планови. Во Тетово Вардар секогаш знаел како се победува, а Шкендија тешко излегува на крај со нас. Составот е променет и подмладен, но Вардар има квалитет за победа против Шкендија. Важно е први да дадеме гол, за да ја оствариме целта“, вели искусниот бек Горан Попов.
Слично размислува и еден од најдобрите играчи на Вардар, Ерменецот Тигран Барсегјан.
„Вардар оди на победа на секој меч, па така ќе биде и утре против Шкендија. Ги респектираме домаќините, но нашата цел се знае, да се освојат бодовите“, изјави Барсегјан.
Мечот ќе биде премиерен во новиот шампионат, а ќе се игра утре од 17 часот на Градскиот стадион во Тетово.

 

Најнови вести