Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Тотенхем за историја – Прв тим во Премиер лигата без летно засилување

Додека Челзи собори светски рекорд за дваесет и тригодишен голман, нивните „комшии“ мирно го проследија последниот пазарен ден во Премиер лигата

Тотенхем го заврши неславно овој летен преоден рок. Раководстовото на клубот не му донесе ниту едно засилување на Покетино, со кое би го одржале чекорот со останатите ривали за претстојната сезона.
„Петлите“ долго време се бореа со Астон Вила околу услугите на Јек Грилиш, но, приказната заврши дури вчера, и тоа со непосакуван крај. Тимот од Чемпионшип лигата одби да го продаде својот најдобар млад играч по секоја цена, не беа доволни ниту 30 милиони евра.

Во меѓувреме, немаа други активности. Од Шпанија произлегоа неколку шпекулации околу евентуален ангажман на Кондогбија од Валенсија, но неговаа клаузула од 80 милиони евра беше превисока за екипата на Покетино.

Овој неславен рекорд може многу да ги чини, знаејќи дека останатите ривали кои планираат борба за титулата значително ги зајакнаа своите состави.

Најнови вести