Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Номинации за најдобрите во Лигата на шампиони: „Кралевите“ оправдано доминираат

Седум ѕвезди на Реал Мадрид во конкуренција за одличје

УЕФА ги истакна номинациите за наградите: најдобар голман, дефанзивец, играч за врска и напаѓач во изминатата сезона во Лигата на шампиони. Фудбалерите на актуелниот европски првак, Реал Мадрид, доминираат во сите четири конкуренции со дури седум претставници.

За наградата за најдобар голман конкурираат Кејлор Навас (Реал Мадрид), Алисон Бекер (Рома), Џанлуџи Буфон (Јувентус).
Наградата за најдобар дефанзивец сигурно оди во рацете на еден играч на Реал, а конкуренти се Марсело, Серхио Рамос и Рафаел Варан.

За најдобар играч за врска номинирани се Тони Крос, Лука Модриќ и Кевин Де Бруин, додека за наградата за најдобар нашаѓач номинирани се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мохамед Салах.

 

Најнови вести