Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Ја смени плочата - Куртоа пееше против Реал Мадрид, денеска дочека промоција кај „кралевите“

Тибо Куртоа попладнево е промовиран во нов голман на Реал Мадрид, откако потпиша 6-годишен договор со актуелниот европски првак. Интересно е што во минатото како голман на Атлетико Мадрид, Куртоа пееше песни со навредлива содржина за Реал Мадрид

Куртоа е големо засилување за „кралскиот клуб“, а денеска попладне беше промовиран во нов голман на европскиот првак. Како што беше објавено двете страни се согласија на 6-годишен договор.
И одличниот голман веднаш ја смени плочата од минатото, кога беше член на големиот ривал од Мадрид, Атлетико. Тогаш пееше песни со навредлива содржина за големиот ривал Реал Мадрид, а денеска дочека да потпише долгорочен договор со најтрофејниот европски клуб.
„Го исполнив сонот од детството. Секогаш посакував да бранам на Сантијаго Бернабеу, во дресот на најдобриот клуб на светот, Реал Мадрид“, изјави Куртоа. Тој се појави на легендарниот стадион и и се претстави на публиката на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Најнови вести