Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Теорија има, но во пракса тешко ни оди - Минус три е недостижно за македонски екипи

Македонскиот првак Шкендија мора да приреди првокласна сензација во Скопје на 14. август, ако сака да го елиминира Салцбург, а тетовци ќе играат и против традицијата

Поразот од 0:3 на „Ред Бул“ арена, по кој Шкендија има само теоретски шанси да го елиминира Салцбург е уште потежок, ако се има во предвид и традицијата на македонските екипи во еврокуповите. Досега ниту еден наш тим не успеал да анулира негатива од три гола во реванш, без разлика дали во возвратниот меч бил домаќин, или гостин.
Сепак и традицијата постои за да се урне, но задачата на Шкендија ќе биде максимално сложена на реваншот на националната арена во Скопје на 14. август. Салцбург е опасна екипа, со екстра квалитетни поединци, а функционираше одлично и тимски на првиот меч. Евентуален подвиг на кој имаат право да се надеваат фудбалерите на Шкендија би бил вистинско фудбалско чудо во еврокуповите. Салцбург лани играше во полуфиналето на Европа Лигата и за влакно не успеа да игра дури и финале. Марсеј го елиминира австрискиот клуб со погодок во 116. минута во реваншот од полуфиналниот двомеч. Двата дуели во регуларен дел завршија со победи на домашните екипи до 2:0, а голот на Роландо за Марсеј на „Ред Бул“ арена, на 4 минути пред крајот на второто продолжение беше клучен австрискиот состав да не игра во финалето. Тоа и подемот на Ред Бул Салцбург во последните десетина години, само потврдува колку е тешка мисијата на Шкендија за евентуален подвиг и елиминација на Австријците.

 

Најнови вести