Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Лона Чемтаи Салпетер му донесе прво европско злато на Израел во атлетика

Натурализираната Израелка со кениско потекло, Лона Чемтаи Салпетер е нова европска шампионка во атлетика на 10 илјади метри, а тоа е прво злато за Израел во историјата

Салпетер доминираше во исцрпувачката трка на 10 километри на ЕП во Берлин и со време од 31 минута, 43 секунди и 29 стотинки прва ја мина целта и се закити со злато. Лона пред две години доби израелско државјанство, а довербата ја оправда со историскиот прв златен медал за оваа земја на европските првенства. Досега Израел имаше освоено пет медали, но ниту една дама не успеала да биде шампионка на Стариот континент.
Зад Чемтаи, како второпласирана, трката ја заврши Холанѓанката Сузан Круминс, додека бронзата ја освои шведската атлетичарка Мераф Бахта.

 

Најнови вести