Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Првиот трансфер на Роналдо бил за комплет дресови и 20 топки

Кога бил 10-годишно дете, Кристијано играл за локалниот тим на Андориња

Италијанскиот првак Јувентус го направи најзвучниот трансфер летово, откако за сума од 105 милиони евра го доведе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Играчот кој има пет „Златни топки“ како мало дете имал голема желба да заигра фудбал и започнал со тренинзи во локалниот клуб Андориња. 
Претседателот на Андориња, Руи Сантош откри дека првиот трансфер на Роналдо бил кога имал само 10 години. Тој трансфер бил 20 топки и комплет дресови. 
„Можеби 20 топки и комплет од 12 дресови е прениска цена за Кристијано, но тогаш имаше само 10 години. Кој бил можел да претпостави дека ќе има таква кариера? Не се кајам, горд сум што бев дел од неговиот развој. Дури кога направи трансфер во Манчестер сфативме колку е вреден“, вели Сантош. 
Од Андориња тој замина во Национал, а потоа во Спортинг каде и го имаше дебито во сениорска конкуренција. Во 2003 година се пресели во Манчестер Јунајтед каде остана до 2009, а потоа се пресели во Реал Мадрид.  На „Сантијаго Бернабеу“ остана девет години, а сега започнува нова ера во Јувентус. 

 

Најнови вести