Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Нема „раат“ за Манчестер јунајтед, Марсијал се врати, Погба сака да си замине

Манчестер јунајтед беше скромен на трансфер пазарот, а за англиските екипи преодниот рок е скратен и трае до утре, па „црвените ѓаволи“ имаат доста проблеми пред стартот на Премиерлигата

Ентони Марсијал конечно пристигна во Манчестер и се приклучи на тренинг, но сега проблем е Пол Погба. Играчот за врска сака да си замине и да ја засили Барселона.
Марсијал долго беше отсутен летово, се шпекулира дека е незадоволен со статусот во Јунајтед, но од денеска се приклучи на тренинзите, непосредно пред стартот на новото издание на Премиерлигата. Најдобрите англиски екипи ќе ја почнат домашната сезона, викендов. Манчестер јунајтед за прв ривал го има Лестер.

 

Најнови вести