Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

И Ивановски не се снајде на берлинското сонце

После Дрита Ислами која беше последна во квалификациите на 400 метри со пречки, и машкиот претставник на Македонија не се прослави

Дарио Ивановски се пласираше на претпоследното место во својата група од квалификациите во трката на 1.500 метри, на Европското првенство во Берлин. Ивановски овие еден ипол километар ги истрча за 3 минути, 57 секунди и 52 стотинки, и тоа е за дури 10 секунди послабо од неговиот лилен рекорд, истрчан оваа година. Ивановски кој има 21 година, се вклопи во сивилото на трката која беше бавна и тактичка, па ниту еден поединец не постигна задоволувачко време. 
Најголемиот пролем за атлетичарите е топлото време. Квалификациите на 1.500 метри се трчаа на пладне, од 12 до 12.30 часот, а денеска максималната температура во главниот град на Германија е 37 степени. 
Ивановски годинава има време од 3:47.13, но на ЕП не се доближи до таков резултат, па во квалификациите беше подобар само од Карлес Гомез од Андора, кој трчаше 4 минути. Со ова, за македонските атлетичари заврши настапот на ЕП. Претходно, Дрита Ислами беше последна на 400 метри со пречки во женска конкуренција. 

 

Најнови вести