Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
08.8.2018

Погба бара двојно поголема плата во Јунајтед, или си оди во Барселона

Французинот сака да биде втор најплатен фудбалер во клубот, неговиот агент притиска за преселба на „Камп ноу“

Пол Погба има неколку услови за да остане во редовите на Манчестер јунајтед. Неговиот агент, Мино Раиола, наводно побарал нов договор за неговиот клиент и зголемување на платата од 180,000 фунти, на 380,000 фунти неделно, за да биде втор најплатен играч зад Алексис Санчез.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Раиола напоредно преговарал и со шпанскиот првак, дури ги договорил личните услови за ангажман на Погба, па доколку раководството на „црвените ѓаволи“ не ги исполни нивните барања, Погба ќе побара трансфер на „Камп ноу“. Дваесет и петгодишниот играч за врска би заработувал околу 350,000 евра неделно ако се пресели во Барса, но Јунајтед воопшто не размислува да се откаже од услугите на нивниот најскап играч.

Без разлика на исходот, двата клубови немаат многу време на располагање, иднината на Погба мора да се реши најдоцна до утре, кога завршува преодниот рок во Премиер лигата.

Најнови вести