Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
07.8.2018

Челзи не се шегува: Куртоа казнет со 200.000 евра

Голманот на лондонскиот тим сам реши да не тренира

Челзи реши да го казни голманот Тибо Куртоа и тоа поради самоволието на белгискиот репрезентативец. Чуварот на мрежата на Челзи реши да не тренира со тимот, како знак на протест дека сака да си замине од „Стемфорд Бриџ“ и да потпише за Реал Мадрид. Таквиот протест сега ќе го чини 200.000 евра. 
Еден од најдобрите голмани во светот ги има договорено личните услови со Реал Мадрид, но „кралскиот клуб“ не може да го реализира трансферот се додека Челзи не се согласи да го продаде. 
Во минатата сезона во дресот на Челзи, Куртоа бранеше на вкупно 46 мечеви во сите натпреварувања, а прими 47 погодоци. Летово блесна во репрезентативниот дрес на Белгија и на Светското првенство во Русија беше прогласен за надјобар голман. Белгија стигна до третото место на Мундијалот. 
Уште малку време остана за Реал да се обиде да го купи Куртоа, а прашање е дали Челзи сепак ќе се премисли и ќе дозволи реализација на овој трансфер. 

 

Најнови вести