Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Уште еден Американец во ростерот на Вардар

Повратникот во првата лига го донесе второто странско засилување за новата сезона

Кошаркарскиот клуб Вардар се засили со американскиот бек Џуниус Проуел, кој во Скопје доаѓа од редовите на косовскиот прволигаш, Раховеци. Проуел таму беше најдобриот поединец минатата сезона со просек од 13,5 поени, четири скока и три асистенции по натпревар.

Во ростерот на Дарко Радуловиќ претходно пристигна крилниот центар Џамаркус Херстон, додека во екипата е врати Дамјан Робев, доскорешнит член на Гостивар.

„Црвено-црните“ полека го комплетираат тимот за претстојниот шампионат, додека со подготовките зпаочнуаат на 15-ти август.

Најнови вести