Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Ислами не се прослави во Берлин

Дрита истрча послабо од своите можности и заврши на последно место

Македонската атлетичарка, Дрита Ислами, во дисциплината 400 метри со пречки, со време од 1 минута, 2 секунди и 23 стотинки, не успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Берлин. Таа во својата квалификациска група, и воопшто во целите квалификации во кои се појавија 21 атлетичарка, имаше најслабо време. Во полуфинале се пласираа најдобрите три од секоја од квалификациските групи, плус трите со најдобро време. 
Личниот рекорд на Ислами е 59,33 секунди, додека сезонава најдобриот резултат и е 1 минута и 68 стотинки. 
Ислами во Берлин имаше за околу две секунди послабо време од најдоброто издание во 2018 година, и беше единствена со време од над една минута. Претпоследната, Слетум од Норвешка, истрча 58.56, додека за влез во полуфиналето беше потребно време од 57.40. Финалето во оваа дисциплина е на 10 август.
На ЕП, Македонија ќе ја претставува и Дарио Ивановски, во трката на 1.500 метри. Тој својот настап ќе го има утре. 

 

Најнови вести