Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Замената за Куртоа доаѓа од Чемпионшип

Челзи по сите изгледи ја губи битката со белгискиот чувар на мрежата, меѓу диреците ќе застане Англичанец

Тибо Куртоа веќе е со една нога во Мадрид, Белгиецот по сите изгледи го истера своето и ќе брани за „кралскиот“ клуб. Раководството на Челзи е приморано да реагира на пазарот и да најде достојна замена, па интересот го насочија кон Стоук, односно Џек Батланд.

Батланд со „грнчарите“ оваа сезона игра во Чемпионшип, но, тој веќе по еден натпревар може да се врати во англиската елита. Стоук наводно би се одрекле од неговите услуги за цена од 30 милиони фунти. Пред извесно време и Ливерпул се интересираше за него, но, „црвените“ се одлучија за Алисон Бекер, а неколку пати Батланд беше поврзуван и со трансфер во Манчесер јунајтед.

Дваесет и петгодишниот чувар на мрежата во својата кариера има настапено на 77 натпревари во Премиер лигата, додека 20 пати успевал да ја сочува мрежата.

Најнови вести