Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Иднината на Лунин во Реал зависи од Куртоа

Ако дојде Куртоа, а остане и Навас, Украинецот ќе биде позајмен во некој друг шпански тим

Доколку Реал Мадрид го доведе во своите редови Тибо Куртоа, тогаш младиот украински чувар на мрежата, Андриј Лунин, ќе замине на позајмица во некој друг шпански клуб. Лунин бранеше добро на мечот со Јувентус во САД, и ги убеди сите во Реал дека може да му биде резерва на Кејлор Навас во претстојната сезона. Иако има само 19 години, Лунин е одличен голман, но би бил прекуброен во „кралскиот клуб“, доколку остане Навас, а го донесат и Куртоа од Челзи. 
Најновите информации околу трансферот на Куртоа се дека тој наскоро би можел да потпише за Реал Мадрид. Тој веќе го информирал тренерот на Челзи, Маурицио Сари, дека и од приватни причини сака да замине во шпанската престолнина, каде што живеат неговите две деца. Сари кажа дека во тимот не сака немотивирани играчи и би можел да даде зелено светло за заминување на Куртоа. 
Преодниот рок во Англија завршува на 9 август, Реал има три дена за да го официјализира договорот, а толку останува и за лондонските „сини“ да најдат замена за Белгиецот чиј договор со Челзи е до 2019 година. 

 

Најнови вести