Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.8.2018

Розенборг или Корк сити можни ривали за Шкендија во плејофот за настап во Европа Лигата

Евентуална елиминација на Шкендија од Салцбург во двомечот за настап во Лигата на шампионите им носи право на тетовци да играат плејоф за пласман во Европа Лигата. Таму по денешната ждрепка познато е дека ривал ќе им биде или Розенборг, или Корк сити

Името на македонскиот првак Шкендија денеска двапати се најде во барабаните при ждрепката за Лигата на шампионите и Европа Лигата во Нион. Ако тетовци не успеат да го минат Салцбург, имаат алтернатива со победа против Розенборг, или Корк Сити да играат во фазата по групи во Европа Лигата. Така одлучи денешната ждрепка за евентуалниот плејоф во ЛЕ.
Мечевите се играат на  23. и 30. август, а интересно ќе биде ако Розенборг го елиминира Корк сити. Во тој случај втора година по ред норвешкиот шампион би гостувал во Скопје, откако во ланското издание на ЛЕ беше во група со Вардар.

 

Најнови вести