Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Барселона се интересира за Јака Блажиќ

Словенецот кој минатата година го освои европското злато, се наоѓа пред најголем ангажман во неговата кариера

Барселона ќе се обиде да го ангажира словенечкиот репрезентативец Јака Блажиќ, кој во моментов е во потрага по нов клуб. Поранешниот кошаркар на Црвена звезда и Басконија остана без клуб ова лето откако му заврши соработката со Морабанк Андора, а моментално се наоѓа пред трансфер во кариерата.

Блажиќ исто така е желба и на шпанскиот третолигаш Тенерифе, но реномето на Барса може да биде клучен фактор во неговата одлука, а секако дополнителен мотив е настапот во Евролигата.

Најнови вести