Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Ибраими е најдобар стрелец во ЛШ

Во штотуку започнатата нова сезона во елитната лига, македонскиот репрезентативец е прв голгетер во Европа

Македонскиот првак Шкендија успешно ги помина првите две кола во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите на УЕФА. Тетовските „црвено-црни“ најпрво го елиминираа велшкиот првак ТНС, а потоа беа подобри и во двомечот со Шериф од Молдавија. 
Најзаслужен за овие две успешни европски авантури на Шкендија е Бесарт Ибраими. Македонскиот репрезентативец е вистински предводник на Шкендија со пет постигнати гола досега. 
Ибраими даде четири гола во победата од 5:0 против ТНС во Скопје, а потоа беше стрелец и на единствениот погодок против Шериф, директно од слободен удар, кој се покажа како клучен за пласман на Шкендија во следното коло. 
Со пет погодоци, Ибраими не само што е прв стрелец во својот тим, туку е и најдобар стрелец во Европа, во квалификациите за Лигата на шампионите. Ниту еден друг фудбалер досега нема дадено пет погодоци. 
Зад Ибраими на второто место е Јакуб Шворчок од Лодогорец со 4 погодоци, а по три гола досега постигнале Ригино Сисилија од Судува, Немања Радоњиќ од Црвена Звезда, Карлос Страндберг од Малме и Одсон Едуард од Селтик.
Следен предизвик за Ибраими и Шкендија е екипата на Ред Бул Салцбург, во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони.

 

Најнови вести