Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Интер со цело богатство ќе го „лови“ Модриќ

Платата која ја нудат „нераѕурите“ може да биде клучна

Интер никако не сака да се откаже од можноста во своите редови да го доведе Лука Модриќ. Хрватскиот репрезентативец од Реал Мадрид е на мета на италијанскиот тим.
Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Светското првeнство во Русија, па интересот за него нагло се зголеми. Тимот од „Џузепе Меаца“ јавно најави дека тргнува во офанзива да го доведе Модриќ. 
Првично Реал демантираше дека може да се случи ваков трансфер, но Интер дава цело богатство за Хрватот. „Нераѕурите“ предложија 11,5 милиони евра годишна плата и четири години престој во Милано. 
Можно е да се случи Модриќ летово да дојде во Интер како позајмен играч за сума од 15 милиони евра, а следната година да биде откупен договорот за дополнителни 25 милиони евра.  Модриќ е во Реал од 2012 година, кога за сума од 35 милиони евра дојде од Тотенхем. 

 

Најнови вести