Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Габриел Жесус останува „граѓанин“ до 2023 година

Бразилскиот напаѓач со нов договор и поголема плата ќе ги брани боите на англискиот шампион

Габриел Жесус, голгетерот на Манчестер сити, го продолжи договорот со клубот до 2023 година. Жесус е новиот фудбалер на „граѓаните“ кој ја надминува границата од 100.000 фунти неделна плата. Дваесет и едногодишниот Бразилец од 2017 година досега настапи на 53 натпревари за Сити, на кои постигна 24 погодоци, освојувајќи двојна круна во изминатава сезона - Премиер лигата и Карабао купот.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба. Гвардиола имаше значајна улога при моето доаѓање тука, а, секако, ме привлече и амбиционзиот проект на раководството. Сити е голем клуб кој секојдневно расте, јас се надевам дека ќе можам што повеќе да придонесам во тоа“, изјави Жесус.


 

Најнови вести