Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Како вистински џентлмен, Алисон му ја остави „единицата“ на Кариус

Големото засилување на Ливерпул, бразилскиот голман Алисон покажа голем респект кон својот конкурент Лорис Кариус и одби да ја превземе „единицата“, па го одбра дресот со број 13 во новиот клуб

Алисон летово се пресели од Рома во Ливерпул за рекордна сума од 65 милион фунти, најголема што било кога е платена за голман.
Денеска Бразилецот тренираше за првпат со својот нов клуб, а се очекува да дебитира за Ливерпул утре, на пријателскиот меч со Наполи во Даблин.
Кариус беше вистински трагичар на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Со две кардинални грешки беше најголемиот виновник за поразот на англискиот претставник, кој не успеа да се круниса во европски првак.
Сепак, Алисон покажа респект кон ривалот за голманската позиција во Ливерпул и гестот е за почит.

 

Најнови вести