Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Игуаин дојде во Милан и ги поздрави навивачите на Јувентус!?

Аргентинецот беше пречекан во Милано како вистинска ѕвезда

Пристигнувањето на Гонзало Игуаин во тимот од „Сан Сиро“ предизвика вистинска еуфорија кај навивачите на Милан. Стотици од нив излегоа за да го пречекаат и поздрават нивниот нов миленик. Игуаин е ѕвезда која со години недостасуваше во тимот на „росонерите“. Играчот кој во изминативе неколку години блескаше во дресовите на Наполи и Јувентус во Серија А, сега треба да се докаже и како играч на седумкратниот европски првак.
„Сакам да ги поздравам навивачите на Милан, но и тие на Јувентус кои ми даваа поддршка во последните две години и бевме како една целина. Се надевам дека и во Милан ќе одиграм на висико ниво и дека ќе имаме добри резултати. Се чувствувам одлично. Сега треба да ги поминам лекарските прегледи и да потпишам договор“, рече Игуаин по доаѓањето во Милано.

 

 

Најнови вести