Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Реал не се откажува од Салах

Кралскиот клуб подготвува понуда за најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид уште е во потрага по вистинскиот наследник на Кристијано Роналдо. Кралскиот клуб ја загуби најголемата ѕвезда откако Португалецот реши да замине во италијанскиот првак Јувентус. 
Сега на Реал му останува уште малку време за да доведе големо засилување во летниот преоден рок. Откако пропаднаа обидите за купување на Еден Азар од Челзи, фокусот е насочен кон Мохамед Салах. 
Претставници на Реал веќе ги направиле првите контакти со менаџерите на Салах, кој минатата сезона ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата.  Египетскиот напаѓач имаше одлична сезона за Ливерпул и заврши со 44 погодоци и 16 асистенции. 
Салах со Ливерпул играше во финалето на Лигата на шампионите, но не успеа да ја донесе титулата на „Енфилд роуд“ откако загуби токму од Реал Мадрид. 

Најнови вести