Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Интер го сака Модриќ, но Реал не го дава

Италијанскиот калчoлигаш веќе има направено контакт за евентуален трансфер на Хрватот во Милано.

Одличните игри и освојувањето на Златната топка на Светското првенство во Русија го промовираа Лука Модриќ во еден од најпосакуваните играчи. Реал Мадрид летово веќе ја загуби првата ѕвезда, Кристијано Роналдо, а сега можно е да си замине и хрватскиот репрезентативец. 
Интер е тимот кој почна офанзива за доведување на Лука. „Нераѕурите“ по пауза од шест години, се пласираа во Лигата на шампионите и сега сакаат да создадат конкурентен тим. Интересно е што на „Џузепе Меаца“ веќе постои хрватска колонија, бидејќи во тимот од претходно беа Марцело Брозовиќ и Иван Перишиќ, а од пред некој ден дојде и Шиме Врсаљко. 
Од таборот на Реал веќе побрзаа да ја демантираат најавата за заминувањето на Модриќ, но Интер делува сериозно во намерата, па во наредниот период останува да се види дали ќе се случи уште еден сензационален трансфер од Реал Мадрид во Италија. 

Најнови вести