Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2018

Лопетеги: Заминувањето на Роналдо е шанса за Бејл

Хулен Лопетеги, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека е уверен дека Герет Бејл може да помогне да се пополни празнината по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Минатата сезона Бејл не беше стандарден во првиот тим кај Зидан, но заминувањето на Роналдо повторно го стави во прв план.
„Герет е среќен што игра за Реал Мадрид. Кристијано Роналдо е еден од водечките играчи во блиската историја на Реал, но сакаше да си оди и му дозволивме. Бејл е извонреден играч со толку различни квалитети и може да помогне да се пополни празнината“, изјави Лопетеги.
Велшанецот во Реал дојде во 2013 година за 87 милиони фунти и четири пати стана шампион на Европа, а ги даде двата гола во триумфот над Ливерпул со 3-1 во финалето на Лигата на шампионите.
„Бејл со Бензема работеше екстремно добро на тренинзите и ќе бидам среќен ако тоа е тимот кој ќе го имам на располагање на стартот на сезоната. Ова е фантастична шанса за Бејл да го покаже талентот“, додаде Лопетеги.
Реал Мадрид  на стартот на новата сезона ќе игра на домашен терен со Хетафе на 19-ти август.

Најнови вести