Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2018

Италијанска работа: Калдара плус Игуаин е еднакво на Бонучи

Јувентус и Милан постигнаа договор за размена на играчи, па на „Сан Сиро“ ќе тргнат Матија Калдара и Гонзало Игуин, додека Леонардо Бонучи ќе се рати во Торино, објави „Скај Италија“.

Според пишувањата на медиумот, тоа бил епилогот на повеќечасовниот состанок меѓу италијанските гиганти и агентите на споменатите фудбалери.
На тој начин, Бонучи ќе се врати во редовите на „старата дама“ само по една година откако направи трансфер во Милан, а „росонерите“ ќе добијат перспективен стопер и напаѓач кој може да гарантира голем број голови во сезоната.
За разлика од Калдара, Игуаин во Милан ќе биде на едногодишен заем вреден 15 милиони евра, а сè уште нема информација дали „росонерите“ ќе може да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната.
Останува само да се види дали Пипита ќе се согласи да си замине од Јувентус, во кого, до доаѓањето на Кристијано Роналдо, беше најплатениот со 7,5 милиони евра по сезона. Во Торино сакаат да се ослободат од таа плата бидејќи јасно е дека Аргентинецот ќе падне во втор план по трансферот на Роналдо.
За неговите услуги заинтересиран е и Челзи.
Во секој случај, многу повеќе за целата работа ќе се знае до почетокот на следната седмица.

Најнови вести