Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2018

Асенсио го наследи бројот седум во Реал

Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид, со што заврши една ера на најтрофејниот европски клуб.

Роналдо направи трансфер во Јувентус и го остави празно местото во тимот, како и познатиот дрес со бројот седум.
Јавноста очекуваше дека Кралскиот клуб ќе успее во намерата да го доведе Еден Азар од Челзи и да му го даде бројот седум на Роналдо, но од тоа нема ништо бидејќи веќе е избран наследникот на Кристијано.
Тоа во разговор за „Дијарио гол“ го изјави Серхио Рамос, капитенот на Реал, кој рече дека седумката му припаднала на Марко Асенсио.
Во Реал многу се надеваат на 22-годишниот крилен напаѓач, па не е чудно тоа што му ја дадоа честа да го наследи дресот на Роналдо.
Асенсио досега го носеше дресот со број 20.

Најнови вести