18.7.2018 Роналдо нема да игра против своите, нема да патува во Америка
Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо нема да патува со Јувентус на Меѓународниот куп на шампионите,потврди италијанскиот клуб.
Португалскиот напаѓач во понеделникот беше официјално претставен како нов играч на „старата дама“ , кога и беше соопштено дека на подготовките на екипата ќе ѝ се придружи на 30-ти јули.
Јувентус во Соединетите Американски Држави ќе игра против Реал Мадрид, на петти август во Мериленд, но Роналдо нема да игра против некогашниот тим.
Наместо тоа, Португалецот ќе тренира со групата играчи кои подоцна ќе ѝ се приклучат на екипата поради учеството на Светското првенство.
Натпреварувањето во Серија А почнува на 19-ти август.