Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2018

Пол Погба сака да се врати во Јувентус

Погба токму од „старата дама“ пред две години направи трансфер на „Олд Трафорд“ за тогашен рекорд од 105 милиони евра.

Пол Погба, репрезентативецот  на фудбалската репрезентација на Франција, изразил желба од Манчестер јунајтед да се врати во Јувентус, пренесува „Газета дело спорт“.
Погба, кој со репрезентацијата стана светски шампион на неодамна завршениот Мундијал во Русија, многу е заинтересиран за новиот проект на Јувентус, кој е цврсто решен со сите сили да го нападне долго очекуваниот трофеј на Лигата на шампионите.
Како што наведуваат италијанските медиуми, високиот играч за врска е незадоволен од односот со Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, со кого има доста несогласувања.
Причина повеќе Погба да се врати во Јувентус би можело да претставува и тоа што Кристијано Роналдо ова лето го засили тимот од Торино, а се шпекулира дека во договорот има повратна клаузула за Италија од 60 милиони евра.
Погба токму од „старата дама“ пред две години направи трансфер на „Олд Трафорд“ за тогашен рекорд од 105 милиони евра.

Најнови вести