Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2018

Кристијано Роналдо во Торино – утрово на прегледи, попладне на претставување

Кристијано Роналдо, официјално најдобриот фудбалер на светот, денес би требало официјално да биде претставен како ново засилување на Јувентус.

Португалскиот напаѓач вчера допатува во Торино за прв пат откако го потпиша договорот со Јувентус.
Роналдо минатата недела потпиша четиригодишен договор со Јувентус, а наводно ќе заработува 30 милиони евра по сезона.
Утрово Португалецот ги завршил лекарските прегледи, а потоа ги поздравил навивачите коишто се собрале пред стадионот во Торино.
Кога ќе завршат прегледите, најдобриот фудбалер на светот ќе биде претставен околу 17.30 часот.

Најнови вести