Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2018

Крај на сагата! Реал Мадрид го продаде Роналдо на Јувентус!

Реал Мадрид потврди дека го продал својот најдобар играч и стрелец Кристијано Роналдо на Јувентус!

Мадриѓаните му излегоа во пресрет за желбата на Португалецот и по девет години тој ќе го промени тимот, а се шпекулира дека трансферот е вреден 105 милиони евра.
Роналдо постигна 450 гола на 438 натпревари за Реал, освои четири титули на Лигата на шампионите (три последователно, четири во пет сезони), а вкупно 16 трофеи.
„Реал Мадрид сака да му изрази благодарност на играчот кој се докажа како најдобар на светот и кој го обележа еден од најсветлите периоди во историјата на нашиот клуб и на светскиот фудбал. Реал секогаш ќе биде твој дом“, се наведува во соопштението на Кралскиот клуб.
Петкратниот освојувач на Златната топка на ФИФА за играч на сезоната и трократен најдобар стрелец на Европа наводно во Торино годишно ќе заработува 30 милиони евра.
Роналдо од официјалното претставување во црно-белиот дрес на Јувентус го делат само уште медицинските прегледи. Тоа се очекува дури следната седмица бидејќи Португалецот е на одмор во Грција.
Јувентус подготовките за новата сезона ќе ги почне на 23-ти јули, со турнејата низ САД, а Роналдо веројатно ќе биде дел од таа делегација.

Најнови вести