Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.7.2018

Луис Енрике е новиот тренер на Шпанија

Луис Енрике, поранешниот тренер на Барселона, е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, пренесоа шпанските медиуми.

„Марка“ на насловната страница објави дека 48-годишниот тренер за селектор е избран од страна на Луис Рубијалес, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Енрике ќе го замени Хулен Лопетеги, кој беше отпуштен два дена пред почетокот на Светското првенство поради тоа што не го известил Сојузот дека преговарал и потпишал договор со Реал Мадрид.
Шпанија на Мундијалот ја предводеше Фернандо Јеро, кој вчера го напушти Сојузот.
Веста за Енрике ја пренесе и „Ас“, како и бројни шпански радиостаници.
Шпанија натпреварувањето на Мундијалот го заврши во осминафиналето, со поразот од домаќинот Русија по изведувањето на пеналите.
Енрике од 2014 до 2017 година со Барселона освои две шампионски титули, Лигата на шампионите и три пати Кралскиот куп. „Камп ноу“ го напушти во мај минатата година и тогаш изјави дека ќе земе пауза од една година.
Тој ги тренираше уште Селта и резервниот тим на Барселона.

Најнови вести