Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2018

Сколс: Англија е добра поради Пеп, зошто да не го копираме Сити?

Многу колеги му се заблагодаруваат на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола за добрата игра на нивната екипа, па дури и тогаш кога тој нема директно влијание врз тоа.

Таков беше случајот летото 2010 година, кога Шпанците играа слично како Барселона на Пеп, потоа летото 2014 година, кога Германија играше слично како Баерн на Пеп, а сега тоа е случај и со Англичаните, кои играат слично како неговиот Манчестер сити.
Интересно е тоа што Шпанците и Германците на крајот го освоија Мундијалот, поради што англиските навивачи имаат уште една причина да тврдат дека се враќа дома.
„Мислам дека Гвардиола дефинитивно имаше влијание врз играта. Посебно тоа се однесува на тројцата играчи во одбраната и на начинот на којшто го користат голманот“, изјави Пол Сколс за „Беин спортс“.
„Герет Саутгејтс дури и не го крие тоа. Мислам дека тој се виде со Пеп и дека го дозна неговиот начин на размислување и дека сака да знае како да го примени таквиот тип фудбал. Како навивач на Англија и некогашен репрезентативец, сакам да ја видам најдобрата можна игра. А, ја гледам. Шпанија играше најдобар фудбал. Зошто не го копирате тој стил на игра?“, додаде Сколс.
„Гордиот Албион“ во среда вечерта ќе игра против Хрватска во Москва во полуфиналето на Светското првенство, додека другиот полуфинален пар го сочинуваат Франција и Белгија.

Најнови вести