Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2018

Роналдо: Ако ме проценуваат на сто милиони евра, тоа значи дека не ме сакаат

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на светот, во интервјуто за шпанските медиуми ја вознемири јавноста.

Како што пренесоа шпанските медиуми, меѓу останатите „Марка“ и „Ас“, кои се највлијателни во државата и ретко грешат, Реал Мадрид ја прифатил понудата вредна сто милиони евра, а Португалецот би требало да ја задолжи опремата на „старата дама“.
По испаѓањето на неговата репрезентација од Светското првенство откако беше поразена од Уругвај (1-2), Роналдо очигледно одлучил завршницата на Мундијалот барем на некое време да ја стави во втор план.
„Ако мојата вредност ја проценуваат на сто милиони евра, тоа значи дека не ме сакаат“, изјави португалскиот „Ас“ и дополнително ги вознемири страстите.
Овој 33-годишен играч никогаш не ги криел симпатиите кон Јувентус, но изгледа е незадоволен што паднал во сенка на некои фудбалери, барем кога станува збор за цената. Нејмар е платен 222 милиони, а Роналдо, како што стојат работите, ќе биде платен двојно помалку.

 

Најнови вести