Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2018

Јувентус му понудил на Роналдо 120 милиони евра!

Италијанскиот шампион е заинтересиран за трансфер на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо и веќе почнал преговори со Реал Мадрид, пренесува Марка.

Според шпанскиот весник Јувентус му понудил на Роналдо четиригодишен договор вреден вкупно 120 милиони евра, односно пет милиони по сезона повеќе отколку што во моментов заработува во Мадрид.
Клубот од Торино сака да го искористи незадоволството на Роналдо од платата во Реал и несогласувањата со претседателот Флорентино Перес и подготвен е да ги исполни неговите финансиски услови.
Останува само двата клуба да се договорот за висината на обесштетувањето, но се верува дека тоа нема да биде проблем затоа што Португалецот веќе влезе во 34-тата година.
Роналдо често во минатото изјавуваше дека му се допаѓа Јувентус и дека навива за него и секогаш имал само зборови за пофалба.

Најнови вести