Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2018

Салах потпиша нов петгодишен договор со Ливерпул

Најдобриот фудбалер во Премиер лигата Мохамед Салах се обврза на уште пет години верност на Ливерпул.

Новиот договор е потпишан по само една година соработка за која Салах стана еден од најважните фудбалери на „црвените“. Египќанецот минатите 12 месеци постигна 44 гола на 52 натпревари, а го предводеше Ливерпул до финалето на Лигата на шампионите во кое беше поразен од Реал Мадрид.
„Оваа постапка на Салах покажува две работи – неговата верба во Ливерпул и нашата верба во него“, изјави Клоп.
„Сакаме врвните фудбалери да сфатат дека местото им е на ’Енфилд’ и дека тука можат да ги остварат своите соништа и амбиции. Кога некој како Мо Салах кажува дека тука му е домот, тоа говори само за себе“, додаде германскиот менаџер.
Според британските медиуми договорот нема откупна клаузула, а Салах со неделна плата од 200.000 фунти станува најплатен играч на Ливерпул.
Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач по завршувањето на клупската сезона за Египет настапи на два натпревари на Светското првенство, но поради повредата на рамото во финалето на Лигата на шампионите не можеше да го пружи својот максимум.

 

Најнови вести