Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2018

Акинфеев херој на Русија, одбрани два пенали на Шпанците

Во третото осминафинале видовме рововска битка во Москва која ја одлучија пеналите, а херој на Русија е голманот Игор Акинфеев кој одбрани два пенали на Шпанија.

По меѓусебното туркање на  Игнашевиќ и Рамос во петерецот по едно нафрлување топката го погоди рускиот стопер во ногата и заврши во мрежата на Русите за водство на Шпанија во 12-тата минута.
Русите почнаа да играат понапаѓачки и израмнувањето стигна во 41-ата минута. По една нафрлена топка Ѕјуба шутираше со глава и ја погоди раката на Пике по што судијата досуди пенал кој Ѕјуба го реализираше за 1-1.
Во второто полувреме Русите играа да го зачуваат резултатот, а ниту Шпанците не направија некоја стопроцентна шанса.
Најголемото возбудување се случи во 109-тата минута кога Родриго се проби во казнениот простор и шутираше од аголот на петерецот, но Акинфеев му влезе во шутот и го одбрани ударот.
Во пенал серијата на стартот погодија Иниеста и Пике за Шпанија, Смолов и Игнашевич за Русија, Акинфеев го одбрани ударот на Коке, Головин ги доведе Русите во водство од 4-3, Рамос израмни, Черишев погоди за ново водство, а на крајот Акинфеев го одбрани пеналот и на Аспас.

Најнови вести